Фрчко има ток-шоу. What the fuck? Што е следно? Заев има бенд и свири кеј поп (K-pop)? Пее преработки од Харис Џиновиќ на корејски? Чекај, застани, не се возбудувај, слушни што зборуваат Фрчко и Љубчо!
Па дали сум бре јас нормален? Зошто седам и слушам што дрдорат двајцава? Имам ли јас три грама памет? Немам. И ете, слушам. А-ха, србизација. Страшна србизација надвиснала над Македонија. Мицкоски ја надвиснал.
Така оди обично тоа со вмровците кога се на власт – прво се бугараши, потоа антиквизираат и еве сега станаа и србомани. Кои спроведуваат орбанизација. За да ѝ учинат на Русија. Ма, генијално! Каква страшна и длабока анализа. Анализиште.
Немаме друга алтернатива, освен СДСМ назад на власт за да нè спаси од вмроовската србизација, спроведувана од Мицкоски, Вучиќ и Орбан, а смислена лично од Путин меѓу две бомбардирања на Украина и потоа, Филипче само треба да продолжи онаму каде што Заев и Ковачевски застанаа – целосна демакедонизација на Македонија.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.