- „Ова може да биде опасно за Украинците,“ вели за Њусвик Стив Рајт, експерт за ваков вид летала.
- Откако Украина почна да соопштува дека успева да ги пресретне сите или речиси сите бесиплотни летала кои доаѓаат од руски позиции (во еден од последните напади биле 89), руските сили потврдија дека имаат нов тип наречен Гарбера.
- Се работи за „помлада сестра“ на досега користениот Шахед дизајниран во Иран. Гарбера најверојатно се произведува во Татарстан.
- Гарберата има помала боева глава за да има место за камера која пак е драгоцена бидејќи праќа снимки до руските оператори при што Москва може да добие вредни информации за локациите на системите како што е Патриот или НАСАМС.
- Руското Министерство за надворешни работи остро го осуди нападот на САД врз Венецуела и грабнувањето на претседателот Николас Мадуро: „САД утрово извршија оружена агресија против Венецуела. Ова е длабоко загрижувачко и за осуда. Изговорите што се користат за оправдување на ваквите дејствија се неосновани...“
- Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха: „Украина постојано го брани правото на народите да живеат слободно, без диктатура, угнетување и кршење на човековите права. Режимот на Мадуро ги прекрши сите такви принципи во секој поглед.“
- Британскиот премиер Кир Стармер: „Прво сакам да ги утврдам фактите. Сакам да разговарам со претседателот Трамп и со сојузниците. Апсолутно јасен сум дека не бевме вклучени... “.
- Лидерот на опозицијата Најџел Фараж: „Американските акции во Венецуела се спротивни на меѓународното право - но ако ги натераат Кина и Русија да размислат двапати, тоа може да биде добра работа.“
- Еврокомесарката Каја Калас и шефицата Урсула фон дер Лајен: „Внимателно ја следиме ситуацијата во Венецуела. Стоиме зад народот на Венецуела и поддржуваме мирна и демократска транзиција. Секое решение мора да ги почитува меѓународното право и Повелбата на ОН.“
- Иранскиот ајатолах Али Хаменеи: „Секој што ќе сфати дека непријателот арогантно наметнува нешто на земјата, мора цврсто да се спротивстави и да покаже отпор. Ние нема да му попуштиме на непријателот.“
- Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи: „Слободата доаѓа. Да живее слободата, по ѓаволите“.
- Американска елитна единица Делта форс утрово го заробила венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас и го извлекле од земјата, заедно со неговата сопруга, тврдат извори во Вашингтон.
- Претседателот Доналд Трамп потврди дека Мадуро е фатен и извлечен од Венецуела, но не објави повеќе детали.
- „САД успешно извршија обемен удар врз Венецуела и нејзиниот лидер. Операцијата е спроведена од силите за безбедност“, порача Трамп.
- САД уште во 2020 година објавија потерница по Мадуро, обвинувајќи го за наркотероризам.
- Одред на Делта Форс во слична операција во 2019 година го ликвидираше лидерот на групата Исламска држава Абу Бакр ал Багдади.