- Генерал-полковникот Игор Кирилов, шеф на руските сили за радиолошка, хемиска и биолошка одбрана, загина заедно со неговиот заменик во експлозија на бомба во Москва.
- Експлозијата се случила околу 6 часот наутро пред станбена зграда на авенијата Рјазанска, додека Кирилов и неговиот помошник излегувале од зградата за да се качат во службено возило.
- Руските истражители соопштија дека импровизирана експлозивна направа која содржела околу 300 грама ТНТ најверојатно била прикачена на електричен скутер во близина на влезот на зградата. Најверојатно била активирана од далечина, преку радио сигнал или мобилен телефон.
- За атентатот се сомничат украинските специјални служби а генерал Кирилов е одбран како мета затоа што често ги критикуваше Киев и Вашингтон за нивните матни операции во био-лабораториите, тврдејќи дека таму се прави и хемиско оружје.
- Воено-политичкото раководство на Украина неминовно го чека одмазда, порача заменикот генерален секретар на рускиот совет за безбедност, Дмитар Медведев.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.