Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Робовите нема што да го знаат договорот на фараоните

13 април 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Владата не го дава на увид договорот со “Бехтел и Енка” бидејќи како што рекоа министрите и вицепремиерот Артан Груби, тој е деловна тајна по барање на фирмата.
  • Груби само се закани дека автопатите ќе бидат поскапи од 1,3 милијарди евра ако не се донесат законите што со потпис им се ветени на Бехтел и Енка.
  • „Не постои деловна тајна во договори помеѓу држава и приватно лице“, потсетува Александар Николовски. И вицепремиерката Грковска смета дека нема причина договорот да се крие.

  • Владата направила договор со „Бехтел и Енка“ врз основа и на непостоечки законски одредби, пишуваат 360 степени и наведуваат еден детал колку бесрамно се правда која било цена која ќе треба да ја платиме:
    - „Во еден момент (претставникот на надзорот „ИРД инженеринг“) дури ги убедуваше новинарите дека е важно да се заврши побрзо бидејќи така ќе се губат помалку човечки животи, а еден човечки живот (покажувале проценките) чинел околу еден милион евра“.

п.с. Месеци пред да се потпише непосредната спогодба со Бехтел и Енка, го опишавме контурите на еден ваков проект во статијата „Како Косово доби скап автопат кој не му треба?“ Погодете каде ја завршува кариерата тогашниот американски амабасадор во Косово кој отворено навиваше за автопатот?

извор

Бес во Израел заради прекинот на огнот

8 април 2026
  • Share
  • Post
  • „Ова е политички и стратешки пораз! Во целата наша историја, таква катастрофа никогаш не се случила“, го коментира примирјето шефот на израелската опозиција, Јаир Лапид.
  • Вели дека Бенјамин Нетанјаху не исполнил ниту една цел која си ја имал зададено иако војската направила сè што барал.
  • Лапид потсетува дека Израел не ни бил вклучен во преговорите и дека на државата „ќе ѝ требаат години за да се опорави од политичката и стратешката штета“ што Нетанјаху ја предизвика со својата ароганција, невнимание и недостаток на стратешко планирање.

  • Претседателот на партијата Израел Бејтену, Авигдор Либерман, оцени дека ваков договор со Иран значи дека Израел во иднина ќе мора повторно да влезе во конфликт, под потешки услови и по повисока цена.

     
извор

Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни

8 април 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на пратеничката група на Левица за измени и дополнувања на Законот за одбрана не доби поддршка во Собранието, откако пратениците од СДСМ гласаа против, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.
  • „Собранието треба да ја ограничи Владата, така што армијата ќе се користи само во мисии со меѓународен легитимитет, одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакна Реџеп Исмаил.
  • „Со ова се елиминира можноста македонскиот војник да биде испраќан во геополитички лавиринти без јасен меѓународно-правен легитимитет, како монета за поткусурување во туѓи пресметки“.
  • Досегашните интервенции на НАТО – од Југославија, преку Ирак до Либија – покажуваат примери на операции без соодветен или залоупотребен мандат. Во образложението беше посочено и дека постои ризик од индиректно вклучување во конфликти преку поддршка, како што е испораката на оружје за Украина, што може да има економски, енергетски и безбедносни последици.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Македонштина
2

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
3

Ќе стане ли тренд и ова?

Македонштина
4

Најодликуваниот австралиски војник уапсен поради воени злосторства

5

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

6

Проблемот боли, уште повеќе боли решението

Видео
7

Трамп: Вечерва ќе умре цела цивилизација!

8

Конте му даде само 5 минути на Елмас па го испофали, а сака и да биде пак селектор

1

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
2

Најодликуваниот австралиски војник уапсен поради воени злосторства

3

Како Хамнеи и Трамп го договориле примирјето

4

Спасувале пилот или тргнале да го грабнат иранскиот ураниум?

Свет
5

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

6

И САД и Иран го слават примирјето како победа

Свет
7

Трамп: Вечерва ќе умре цела цивилизација!

8

Трамп има манијачки нагон да повредува невини луѓе

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Македонштина

Ќе стане ли тренд и ова?

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Јадењето не е полнење бензин

Со крст на чело

Исто е ама не е исто

Спрингстин да напише нова химна

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy