Од денес, по улиците на Загреб се движат празни автомобили, без возач и патници, како последен тест на системот за идните целосно автономни роботаксија.
Возилата се на компанијата Verne, основана од Мате Римац и Марко Пејковиќ, заедно со кинеската Pony.ai, која ја обезбедува технологијата за управување. Третиот партнер е Uber, преку чија апликација услугата наскоро ќе им биде достапна на корисници.
Verne нуди комерцијалната услуга за роботакси во Загреб уште од април, но досега во возилото секогаш седело лице – безбедносен оператор подготвен да ја преземе контролата – како што налагаат прописите. Новите тест-возила се без безбедносен оператор. Ова е прво такво тестирање на јавни патишта во Европа.
Автомобилите ќе имаат пробни тури на траса долга 22 километри, од деловната зона „Бузин“ до аеродромот „Фрањо Туѓман“.
Такси-возила без возач досега имаат само мал број компании во светот – пред сè Waymo (во сопственост на Alphabet), која нуди услуги во Феникс, Сан Франциско и други градови во САД, а планира да го прошири сервисот во Лондон и во Минхен.
Веќе пишувавме дека Римац не успеа да го заврши проектот за целосно автономни роботаксија од петто ниво во определениот рок, за да добие 180 милиони евра европски пари.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.