Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Републички обвинител стана жената на која ѝ го возеле мачето во Радовиш

20 декември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Обвинителката Лиле Стефанова е избрана да биде една од десетте обвинители кои ќе го заменуваат републичкиот обвинител кој ќе го наследи Љубомир Јовески.
  • Стефанова на јавноста ѝ е позната како обвинителка која беше дел од СЈО и гонеше функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа сведочеше против шефицата Катица Јанева.
  • Од случаи кои Стефанова ги водеше, на јавноста и се познати „Титаник“, „Плацеви на Водно“, „Империја“. Во сите три, заедничко е што склучуваше спогодби со обвинети за тие да вратат пари во буџетот, а за возврат да добијат пониски казни. Тоа и се случи. Па така со ниски казни куртулија ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, Мартин Протуѓер кој беше шеф на кабинет на Никола Груевски.
  • „Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам!!“, извика Катица Јанева на едно рочиште, разочарана од сведочењето на Стефанова и попатно ја нагрди со зборовите „ороспија“ и „гомнарка.“
  • Мачето се вика Лео.
извор

Бес во Израел заради прекинот на огнот

8 април 2026
  • Share
  • Post
  • „Ова е политички и стратешки пораз! Во целата наша историја, таква катастрофа никогаш не се случила“, го коментира примирјето шефот на израелската опозиција, Јаир Лапид.
  • Вели дека Бенјамин Нетанјаху не исполнил ниту една цел која си ја имал зададено иако војската направила сè што барал.
  • Лапид потсетува дека Израел не ни бил вклучен во преговорите и дека на државата „ќе ѝ требаат години за да се опорави од политичката и стратешката штета“ што Нетанјаху ја предизвика со својата ароганција, невнимание и недостаток на стратешко планирање.

  • Претседателот на партијата Израел Бејтену, Авигдор Либерман, оцени дека ваков договор со Иран значи дека Израел во иднина ќе мора повторно да влезе во конфликт, под потешки услови и по повисока цена.

     
извор

Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни

8 април 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на пратеничката група на Левица за измени и дополнувања на Законот за одбрана не доби поддршка во Собранието, откако пратениците од СДСМ гласаа против, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.
  • „Собранието треба да ја ограничи Владата, така што армијата ќе се користи само во мисии со меѓународен легитимитет, одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакна Реџеп Исмаил.
  • „Со ова се елиминира можноста македонскиот војник да биде испраќан во геополитички лавиринти без јасен меѓународно-правен легитимитет, како монета за поткусурување во туѓи пресметки“.
  • Досегашните интервенции на НАТО – од Југославија, преку Ирак до Либија – покажуваат примери на операции без соодветен или залоупотребен мандат. Во образложението беше посочено и дека постои ризик од индиректно вклучување во конфликти преку поддршка, како што е испораката на оружје за Украина, што може да има економски, енергетски и безбедносни последици.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Трамп: Вечерва ќе умре цела цивилизација!

2

Најодликуваниот австралиски војник уапсен поради воени злосторства

3

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
4

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

5

Проблемот боли, уште повеќе боли решението

Видео
6

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Македонштина
7

Еден обичен ден во Скопје

Македонштина
8

Конте му даде само 5 минути на Елмас па го испофали, а сака и да биде пак селектор

1

Трамп: Вечерва ќе умре цела цивилизација!

2

Најодликуваниот австралиски војник уапсен поради воени злосторства

3

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
4

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

5

Трамп има манијачки нагон да повредува невини луѓе

Свет
6

Како Хамнеи и Трамп го договориле примирјето

7

Русија не е Америка, Зеленски нема да заврши како Мадуро

8

И САД и Иран го слават примирјето како победа

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Македонштина

Ќе стане ли тренд и ова?

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

А со нерви како стоите?

Карл Пилкингтон во Македонија!

Зошто не доаѓа Принс во Скопје?

Филмови што треба да се гледаат во обратен редослед

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy