Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Разрешена директорката која сакаше да забрани да ѝ се спомнува името

4 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша решение со кое досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, е разрешена од функцијата, а на нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска.
  • Во последно времее медиуми често пишуваа за случувањата во болницата, ситуацијата во бронхоскопскиот оддел, како и меѓучовечките односи во институцијата, на што директорката реагираше со будалест предлог: да не ѝ се спомнува името.
  • „Не давам согласност моето име и презиме и професионалност да биде објавувано по медиуми. Го задржувам правото да ги преземам сите законски мерки за секој обид на манипулација или неовластена употреба на моето име и презиме“, стоеше во нејзината писмена изјава.
  • Така било тоа.
извор

Д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ

19 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Професорката д-р Светлана Мојсов, една од најеминентните хемичарки во светот, е избрана за почесен професор (Professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката ја донесе Сенатот на УКИМ, по номинацијата од Природно-математичкиот факултет во Скопје, чиј интегриран дел е Институтот за хемија.
  • Д-р Мојсов, заедно со д-р Џоел Хабенер и д-р Лоте Бјере Кнудсен, во изминатите две години добија многу светски научни награди за нивниот револуционерен придонес во развојот на пептидот 1 (GLP-1) сличен на глукагон со што го трансформираа третманот на дијабетес тип 2, помагајќи им на милиони луѓе ширум светот.
  • „Не ми беше важен ниту профитот, ниту признанието – туку вистината. Науката е должност кон човештвото, а најголемата награда за мене се пациентите кои денес живеат подобро благодарение на тоа што го започнавме пред четири децении.“, рече таа на Глобалниот женски појадок 2025, организиран на Институтот за хемија.

Види и: Науката ја исправи неправдата кон Светлана Мојсов

извор

Ванковска: Мултиполарност, македонска перспектива

19 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Да, ние сме „суверени“, но само на хартија. Во пракса, Македонија и понатаму се третира — како и кон крајот на 19 век — како пион на шаховската табла на големите сили. Нашето сонце официјално изгрева на Запад, а политичката елита со задоволство жртвуваше јазик, историја, дури и името на државата, за да влезе во клубот на НАТО.
  • Денешниот империјализам често не доаѓа со чизми и бајонети. Тој доаѓа со конференции, партнерства и „техничка помош“. Тоа е неоколонијализам во кроена облека — а нашите елити, од политичари до академици, служат како негови локални преведувачи.
  • На Украина ѝ беше кажано: спротивставете се по секоја цена — затоа што правдата е на ваша страна. На Македонија ѝ беше кажано: откажете се од името и од минатото — и ќе бидете наградени. Но совеста боли исто.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

После дојде Артан Груби и го реши проблемот

Македонски рулет
2

Машки избор

Балканштина
3

Косовскиот кошмар се враќа како зафрканција

Балканштина
4

Машко оро да запливаме

Македонштина
5

Израелскиот напад ја замолчи иранската опозиција

Свет
6

Koј е овде верски фундаменталист?

Разно
7

КФМ ќе ја брише придавката „Северна“

8

Деца ќе изгорат, ама багра ќе остане

1

Израелскиот напад ја замолчи иранската опозиција

Свет
2

Деца ќе изгорат, ама багра ќе остане

3

Тумор маркери три години пред симптомите

Здравје
4

ЧетГПТ засекогаш го загади интернетот

Разно
5

Газа, криминали нa векот

Мислења
6

Личната жртва на Нетанјаху во нападот на Иран

Свет
7

За намалување сообраќајки: Штоп-светла и напред

8

Д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Машки избор

Македонштина

Машко оро да запливаме

Балканштина

Не им е лесно на балканските франкофони

Македонштина

Шестемина величествени од МВР

Балканштина

Кога жена ти е кочничар на добрите идеи

Балканштина

Што си во подзнак?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Совети за родителство од Луи Ц.К.

Летаа воспитни шамари во ОН

Анти-американизам за лечење

Ретроспектива

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy