- Околу 18:45 часот по локално време, луѓе на плажата Бонди во Сиднеј беа жртви на масовно пукање. Најмалку 12 лица загинаа, вклучувајќи еден од напаѓачите.
- Дваесетина лица се пренесени во болница, некои со прострелни рани.
- Во нападот учествувале двајца напаѓачи. Еден од нив е убиен на местото на настанот, додека другиот е ранет и приведен од полицијата на Нов Јужен Велс.
- Пукањето се случило за време на прослава на еврејскиот празник Ханука, на која присуствувале околу 2.000 луѓе.
- Херој на денот, голорак цивил кој успева да разоружа еден од напаѓачите:
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.