- Србија и НАТО вчера ја почнаа својата прва заедничка воена вежба, 27 години откако Алијансата ги бомбардираше Србија и Црна Гора.
- Тактичката вежба е дел од програмата Партнерство за мир, во која Србија е речиси 20 години. Србија редовно учествува на маневри со членки на НАТО, но ова е првата вежба директно со Алијансата.
- На вежбите на воениот полигон Боровац кај Бујановац учествуваат околу 600 војници од Србија, Италија, Романија и Турција. Набљудувачи се офицери од Франција, Германија, Италија, Црна Гора, Романија, Србија, Турција, Британија и САД.
- Тие до 23 мај ќе вежбаат симулирана борба во урбана средина, заштита на бази и одбранбени тактики, контрола на толпа и екипирање на контролни пунктови. „Сценариото е фиктивно и нема никаква врска со реални места или настани. Нема да вклучува употреба на боева муниција“, објави НАТО.
- „Цел на соработката е зачувување на мирот и стабилноста во регионот“, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.