Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка, ден откако претседателот Александар Вучиќ повика на итна и масовна реконструкција на владата. Покрај него, оставка најави и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.
Вучевиќ предуреди дека во Србија постои сериозна поделба, а земјата е на раб на судир. „Сето ова што се случува е осмислено во странство, во тоа немам никаков сомнеж“.
Српскиот претстедател Александар Вучиќ вчера кажа дека досега се објавени повеќе од 13.000 документи кои се евентуално релевантни за натстрешницата на Железничката во Нови Сад и дека е спремен да ги помилува сите уапсени и приведени на протестите.