- „Моите истражувања низ архивите, прочитаната обемна литература, необјавени и објавни извори, укажуваат на тоа дека револуционерната дејност на Гоце Делчев нема никакви допирни точки со бугарската историја, освен само понекогаш неговото физичко присуство во Софија и во некои помали градови во Бугарија“, вели професорот Никола Жежов.
- „Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека ѝ објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја“.
- Зеадничкото чествување бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „заедничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.