- Резултатите од годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за културата за 2024 година и oваа година се скандалозни. Имено реномирани фестивали, институции и установи едвај ќе крпат крај со крај, ама затоа власта дели енормни средства на анонимни лица, здруженија и манифестации кои или никој не ги слушнал или се формирани за еднократна употреба – да добијат државни средства, регира ВМРО ДПМНЕ.
- Меѓународен форум добил помалку средства од физичко лице кое доаѓа од истиот град како и министерката Бисера Костадиновска за проектот „Азбучен споменар“ за кој министерството дало повеќе од 1.100.000 денари. Или пак, случајот со одобрените 30.000 евра за финансирање на активности на драмски фестивал во друга земја, во Косово, а во исто време домашните театри ќе преживуваат со средствата кои им ги одвојува министерството.
- „Веќе втор ден министерката не ги објавува имињата на членовите на комисиите кои се потпишаа на скандалозната програма без концепт и без стратегија. Поради големите реакции во медиумите и на социјалните мрежи, веројатно и самите молат да не се објавуваат нивните имиња“, изјави актерот Зоран Љутков, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.