- Проектот „Skopje Technology Park” сè уште чека да биде прифатен од страна на институциите во Македонија. Станува збор за инвестиција помеѓу 170 и 240 милиони евра, со потенцијал да придонесува со 1.6 милијарди евра годишно во бруто домашниот производ на земјава.
- Зад овој проект кој содржи филмски, музички и мултимедијални студија под името Стонбриџ, застанаа познатите американски актери Д.В.Мофет, Мат Дилон и Џон Малкович кои јавно го поддржаа овој проект.
- Овој проект во Македонија доби поддршка од преку 20 универзитетски професори, но од владата и покрај начелното прифаќање на проектот сè уште нема одобрение тој да стане „Стратешка инвестиција“.
- Европската Унија е во завршна фаза на дизајнирањето на нејзиниот досега најобемен пакет санкции против Русија, насочен кон енергетски компании и шест руски банки.
- Се дознава дека во новиот пакет, ограничувањата ќе се прошират на руските мрежи за плаќање и кредитни картички, берзите за криптовалути и ќе воведат построги ограничувања за извозот на нафта во земјата.
- Мерките претставуваат значително заострување на напорите на ЕУ, во координација со Вашингтон, да ја осакати руската економија и да ја намали поддршката за претседателот Владимир Путин.
- Наспроти претходните 18 рунди санкции, руската воена економија успева да расте со повеќе од солидни стапки: 4,1% и 4,3% во 2023 и 2024-та.
- Не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе тоа да не се повтори. Тоа ќе се случи само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има, порача премиерот Христијан Мицкоски од свеченоста по повод Денот на независноста.
- Една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење – рече Мицкоски.
- Премиерот кажа дека сите материјали се предадени во обвинителството и дека и покрај сомнежите во нивните капацитети и ниската доверба во нив, овој случај ќе го следат одблиску.
- Само да знаат – оваа работа нема да се стави под тепих. Ова е прашање на опстојување на државата– порача Мицкоски.