- Поради големата помош на владата на Јапонија за Македонија преку донации за училишни згради, медицински апарати и реновирање на болнички блокови, јапонскиот народ кој живее во Македонија заслужува да биде дел од уставот со својот придонес за државата.
- „Не знам која е заслугата Бугарите да влезат во уставот“, пишува на ФБ покренувачот на петицијата, Божидар Божиновски.
- Огромно мнозинство на граѓаните на Алберта се изјаснија нивната провинција да остане во Канада и да не распишува обврзувачки референдум за прогласување независност.
- Нецелосните резултати од вчерашниот необврзувачки референдум покажуваат дека 76% од граѓаните гласале да останат во Канада.
- Иницијативата ја покрена премиерката на Алберта, Даниел Смит, со цел да се спротивстави на федералните еколошки регулативи, да ја заштити нафтената индустрија на провинцијата и да изнуди поголема политичка и економска автономија од централната власт во Отава.
- Додека федералистите ја славеа победата, многумина критичари забележаа дека не е за радување фактот што 23% од жителите на богатата провинција се изјасниле за независност. Анкети спроведени во јануари покажаа дека едвај 10% ја поддржува иницијативата за отцепување.
- Мич Силвестр, еден од клучните лидери на сепаратистите, истакна дека движењето за независност „нема да исчезне“.
- САД практично престанале навремено да ѝ доставуваат на Украина податоци за истрелани руски проектили, иако претседателот Зеленски изјави дека размената на разузнавачки податоци е обновена по краток прекин минатата недела.
- Енергетската инфраструктура во Киев синоќа била погодена со два брана балистички проектили, ракети и дронови. За првиот бран Украинците не добиле никакво предупредување. За вториот предупредувањето стигнало една минута пред да удрат проектилите.
- Украинската противвоздушна одбрана е немоќна без навремени информации од американски сателити, кои рано откриваат лансирање на руски ракети. На балистичките проектили им се потребни неколку минути од лансирањето до ударот во целта.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека „софтверски проблем во системот за рано предупредување“ спречил Украина да добие информации за одредени лансирања на руски ракети.