После 2001-ва и 2015-та (Диво Насеље), трет упад на Косовари
- На албанската опозиција во Македонија (Демократско движење, Алтернатива и Движење Беса), како партнер ѝ се придружи косовското Самоопределување на Албин Курти.
- „Од денеска Европскиот сојуз за промени се состои од четири политички партии“, рече претседателот на Демократско Движење, Изет Меџити.
-
Претставници на движењето Самоопределување ќе бидат на заедничките листи како поединци, не како партија, соопшти Меџити.
-
Според член 8 од законот за политички партии, партии регистрирани во други држави не можат да дејствуваат на територијата на Македонија. Забрането е и да бидат регистрирани под исто име, а членовите на партиите во државата мора да бидат македонски државјани. Исто така и нашиот Устав забранува државјанин на друга држава да се кандидира на избори во Македонија, а уште помалку да биде назначен за пратеник во македонското Собрание, дури и да има двојно државјанство.
-
На премиерот Димитар Ковачевски не му е сосема јасно ова здружување, па бара дообјаснување, а за Мицкоски ова е само предизборен фолклор.