- Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор сака целиот американски буџет да го стави на блокчеин, механизам за финансиски трансакции кој обично се поврзува со биткоин и другите крипто-валути.
- „Ќе го ставам целиот буџет на блокчеин за да може секој Американец, 24/7 да ја провери секоја буџетска ставка која постои,“ рече Кенеди на митинг во Мичиген.
- „Ќе имаме 300 милиони пара очи кои ќе го мониторираат буџетот кога сакаат, па ако некој сака да потроши 16.000 долари за веце шоља, сите ќе дознаат за тоа.“
- Пентагон пред 44 години трошеше по 640 долари за една веце шоља, а во 2018-та заменуваше капаци за 10.000 долари.
- Управниот суд го потврди приговорот на Гордана Сиљановска Давкова и ја одби тужбата на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Наташа Габер-Дамјановска од Академијата тврдеше дека процесот нема карактер на работен однос, туку на приемен испит.
- ДКСК остана на ставот дека сепак станува збор за стекнување на работен однос, за кој слушателот склучува договор за вработување на определено работно време и во периодот од две години прима плата, како и надоместоци на плата и ги ужива сите права и обврски засновани на работен односи, согласно законот за Академијата.
- Одлуката на Управен суд е конечна. Постапката за полагање испити и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира.