- Полски експерти потврдија дека ракетата која лани експлодираше на територија на Полска убивајќи две лица, не била руска, како што тврдеше Киев, туку украинска.
- По експлозијата, полскиот претстедател и првиот човек на НАТО разговарале за евентуално активирање на членот 4 од Повелбата на НАТО кој повлекува колективен одговор ако е нападната една земја членка.
- Зеленски здушно навиваше за таа опција а неговиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, сугестиите дека можеби се работи за украинска ракета ги оцени како уште една пропаганда на Русија.
- „Улцињ е албански град, заробен од корумпирани политичари“ и ќе биде „ослободен“ на локалните избори во 2027 година, објави на својот профил на Инстаграм потпретседателот на Владата на Црна Гора и министер за економски развој Ник Ѓелошај.
- Соочен со лавина осуди, вицепремиерот одговори дека не изразил територијални претензии кон земјата во која извршува висока функција, туку ја опишувал „историската и демографската посебност на градот“.
- Скандалозната порака е поттикната од вжештената дебата во црногорскиот парламент меѓу претставниците на две албански политички групи: Албанскиот форум – на кој му припаѓа Ѓељошај – и Албанската алијанса, во врска со предлог-законот со кој се воведува статусот „град“ како посебна единица на локалната самоуправа.
- Албанската алијанса тврди дека со новиот закон Улцињ би го изгубил статусот на град. Пратеникот Артан Чоби од Албанскиот форум во расправата изјави дека Улцињ е „древен илирски град со кој се гордеат Албанците ширум светот“ и дека бил „албански град“ кога станал дел од Црна Гора во 1878 година.
- „Многу политичари во Црна Гора јавно се залагаат за граѓанска држава, но зад таа реторика честопати се кријат национални интереси“, забележа политичкиот аналитичар Стефан Ѓукиќ.
- Копнените сили на САД во петмесечната војна против Иран ги потрошиле „практично сите“ залихи на ракети од типот ATACMS (армиски тактички ракетни системи) и PrSM (ракети за прецизни удари), изјавиле за Ројтерс тројца упатени извори од Вашингтон. Тие не наведуваат колку точно ракети земја-земја ѝ останале на располагање на Армијата на САД.
- Ракетите ATACMS испорачани од САД ѝ помогнаа на Украина да напаѓа цели длабоко на руска територија. Ракетите PrSM се од понапредна генерација, со уште поголем дострел. Секоја од нив чини над 1 милиони долари.
- Залихите на PrSM биле мали уште на почетокот на војната, бидејќи тие се релативно нова муниција, но американската војска има нарачано голема количина од нив за 2027 година. Ракетите ATACMS постепено се повлекуваат од употреба и од производство за да бидат заменети со поновите ракети PrSM.
- Изворите на Ројтерс тврдат дека залихите се намалени поради одлуката на администрацијата на Трамп да избегне класични бомбардирања цели во Иран за да не се загрозат пилотите и авионите. Долгострелното оружје е побезбедно, но во исто време е незаменливо за евентуален судир со земји со многу помоќна противвоздушна одбрана, како што е Кина.
- „САД поседуваат далеку повеќе муниција од кој било друг во светот и далеку повеќе отколку што ни е потребно. Нашите одбранбени компании во овој момент произведуваат повеќе муниција од кога било досега и ги прошируваат своите погони и капацитети на рекордно ниво“, изјави неодамна претседателот Трамп.