- Во теорија додавањето на вештачка интелигенција за пронаоѓање на програмерски одговори звучи супер. За жал во пракса не е така. На годинешната конференција Computer-Human Interaction, истражувачите од Универзитетот Пердју споделија податоци од своето истражување според кое над половина од резултатите кои ги генерира ChatGPT се погрешни.
- Истражувачите на ChatGPT му поставиле 517 прашања од Stack Overflow, и од вештачката интелигенција добиле 52 отсто погрешни одговори. Дополнително, дури 77 отсто од одговорите биле непотребно долги.
- Еден од главните проблеми со генерирање на одговори за програмерски прашањa со ChatGPT е заеднички со било кои одговори: „Понекогаш платформата презентира глупости кои звучат прилично веројатно“.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.