- Џафер Долек, еден од патниците кои се враќале од Турција со агенцијата „Беса-транс“ по грешка ги ставил куферите во погрешен автобус и тоа му го спасило животот.
- Откако веќе ги ставил куферите во погрешниот автобус, лице од агенцијата му кажало сепак да влезе во истиот бидејќи имало место.
- За Сител раскажува таткото на Џафер.
- Околу пет илјади луѓе присуствувале на протестот „НЕ за геноцидната амбасада“ по повод отворањето на првата израелска амбасада во Словенија на што присуствуваше шефот на израелската дипломатија, Гидеон Саар, кој порача дека било време односите меѓу двете земји да се подигнат на повисоко ниво.
- На протестот биле видени многу познати лица, меѓу кои и поранешниот словенечки претседател Милан Кучан.
- Против отворање амбасада на Израел беа 41 организација од Словенија а опозицијата го обвини Јанез Јанша дека води „израелска надворешна политика“.
- Претседателот Доналд Трамп најави дека ќе им исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на сите возрасни Американци ако републиканците го задржат мнозинството во Конгресот на среднорочните избори во ноември. Анкети укажуваат дека демократите се на добар пат да преземат контрола врз барем еден дом во Конгресот.
- Со приближно 270 милиони возрасни лица во САД, идејата би чинела околу 1.350 милијарди долари. Трамп изјави дека ќе има толку пари благодарение на „огромниот економски успех“ на нацијата.
- Централната улога на Трамп на дводневната партиска конвенција во Далас ја прикажува стратегијата на републиканците за изборите за Претставничкиот дом и Сенатот на 3 ноември.
- „Замислете си дека моето име е на гласачкото ливче“, им порача Трамп на републиканците.
- Повеќето од првите говорници на конвенцијата се фокусираа на напади врз демократите, критикувајќи ги нивните екстремни ставови за трансродовите лица и безбедноста на границите. Помало внимание беше посветено на проблемите што денес им се најважни на Американците - војната со Иран и трошоците за живот.