- „Господ да ни го чува народот и Северна Македонија“, кажа Зоран Заев кој после поразот на локалните избори даде оставка како премиер и претседател на СДСМ, останувајќи доследен на практиката дека е полесно да се каже 'Северна Македонија' отколку 'македонски народ'.
- Човекот кој како задњи сељак тртна приватен бројчаник на Триумфалната капија (пробајте вие да ставите нешто слично), оцени дека е дел од прогресивните сили на земјата.
- Искрено сочувство до Ненад Јовановиќ, Саше Паралитико, Сашо Орданоски, вистинските Ѓорѓи и Никола Спасови, лажните Петро Порошенко и Грета Тунберг, како и до другите ожалостени членови на здружението „Џинџер баланс“.
- Поради психозата од очекуван „руски напад“, Литванија почна со екстремни мерки да реагира на вообичаени ситуации.
- Радарски сигнал од јато птици близу главниот град бил протолкуван како навлегување непријателски дронови. Аеродромот бил затворен и била побарана воздушна интервенција на италијански авион од составот на НАТО.
- Тревогата завршила откако пилотот визуелно потврдил дека во регионот забележал само птици.
- „При првичните отчитувања на радарот, трагите што ги оставаат птиците и дроновите можат да бидат слични“, објасни Литванскиот национален центар за управување со кризи.
- При сличен инцидент во мај, поради закана од дронови во литванскиот воздушен простор беше објавена општа тревога за жителите на Вилњус, претседателот и премиерката беа префрлени во бункер и беа прекинати летови и железничкиот сообраќај. Авионите на НАТО тогаш не забележаа дури ни птици.
- Глобалните залихи на саудиска нафта би можеле да се исцрпат за неколку дена доколку не се врати во функција виталниот нафтовод погоден од јеменските бунтовници.
- Откако дронови лансирани од хутите уништија пумпна станица, Ријад го затвори нафтоводот долг 1.200 километри од Персискиот залив до Црвено Море, со што се губат 4% од глобалните залихи.
- Аналитичари од Marhelm проценуваат дека за поправка на оштетувањата на нафтоводот може да биде потребен повеќе од еден месец поради „недостиг на резервни делови“.
- Долготрајниот прекин би можел дополнително да ги зголеми цените на горивата, откако цената на барел нафта од типот „брент“ достигна 109 долари.
- Саудиска Арабија минатата недела го извести ОПЕК дека нејзиното производство на сурова нафта паднало на 6,2 милиони барели дневно, од 10,9 милиони барели пред почетокот на војната во Иран.