- На 70 годишна возраст ненадејно почина Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на телекомуникацискиот оператор – НЕОТЕЛ. Управуваше со компанијата над 15 години успевајќи да ја етаблира во реномиран и доверлив партнер и на домашно и на интернационално ниво.
- Својата богата професионална кариера ја започнува во енергетскиот сектор во Електростопанство на Македонија (ЕСМ) и воедно беше првиот генерален директор на Оператор на електропреносен систем на Република Македонија (АД МЕПСО).
- Исклучително скромен и ведар лидер кој знаеше да помага. Тој беше првиот човек кому му се обративме (за хостинг) кога го подигнувавме нашиот сајт. Иако не се познававме, испадна елегантен и ни даде многу ферска понуда а сиве овие години со задоволство се дружевме.
- Погребот ќе се одржи во сабота 8 април, во капела од 12:00 до 13:00, на градските гробишта “Бутел” во Скопје.
- Слава му.
- Свештеници и политичари низ Иран ги засилија повиците до властите во Техеран да се откажат од официјалниот став дека нема да развиваат нуклеарно оружје, пишува Њујорк тајмс, наведувајќи примери од проповеди и изјави на функционери.
- Мохсен Резаи, задолжен за национална безбедност, изјави дека лидерите во Техеран почнале дискусии, но не донеле одлука дали да ја задржат предвоената нуклеарна доктрина ако САД или Израел ги обноват нападите врз Иран.
- „Повлекувањето од Договорот за неширење на нуклеарното оружје порано беше став на малцинството во иранското раководство. Сега станува став на мнозинството“, вели Мохамад Гадери, експерт за надворешни работи од Техеран.
- Иран тврди дека развива нуклеарна програма за цивилни цели. Покојниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, издаде верски декрет со кој се забранува развојот и употребата на нуклеарно оружје. Фатвата е обврзувачка за сите државни институции, вклучувајќи ги војската и Корпусот на исламската револуционерна гарда. Тој пристап не ги спречи двете војни што Израел и САД ги почнаа против Иран – Дванаесетдневната од лани и операцијата „Епски бес“, во која загина и самиот Хамнеи.
- „Тој создаде ситуација во која Иранците платија висока цена за бомба што всушност ја немаа. Сега постои чувство дека ако не го поседувате ова најстрашно оружје, во секој момент би можеле да се најдете на милост и немилост не само на САД, туку и на Израел“, објаснува аналитичарот Мохамад Али Шабани.
- Партијата „Раам“ на Арапите во Израел го поддржа Гади Ајзенкот како мандатар за состав на идната влада, по парламентарните избори кои завршија без јасен победник.
- Со осумте пратеници од Раам, блокот зад Ајзенкот веќе има поддршка од 56 пратеници, повеќе од блокот на Бенјамин Нетанјаху (52).
- Тоа може да биде пресудно, бидејќи претседателот Исак Херцог денеска ги почнува консултациите со политичките партии и треба да му го додели мандатот на кандидатот кој има најголема поддршка во Кнесетот.
- За Ајзенкот се очекува да се определи и другата партија на Арапите – „Заедничка листа“, која освои 11 пратенички места.
- Ајзенкот пред изборите отфрлаше коалиција со партиите на Арапите во Израел, но би можел да состави малцинска влада, која би добивала поддршка за клучните одлуки.