Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Почина Саше Димовски

6 август 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По долги и тешки здравствени компликации, на 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем.
  • Димовски беше претседател на Советот на честа на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
  • Работеше во Сител, Канал 5 и Алфа телевизија, беше основач на порталот Сведок.мк и соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Ќе биде погребан во родниот Велес.
извор

Гувернерката ги моли иселените милионерите да се вратат во Њујорк

20 март 2026
  • Share
  • Post
  • Демократската гувернерка на Њујорк, Кети Хочул, ги повика богатите даночни обврзници да не се селат во Флорида или Тексас, затоа што без нив е поткопана даночната основа на нејзината сојузна држава.
  • Хочул ги повика да се вратат во Њујорк за да ги поддржат програмите за социјална помош.
  • Во времето на пандемијата од 2020 до 2023 година, кога Хочул воведе строги ограничувања, Њујорк загуби речиси 1 милион жители. Високите даноци по пандемијата поттикнаа да заминат уште 250.000 до 2025 година. Државните даноци во Њујорк се речиси три пати над националниот просек, а трошоците за живот се повисоки за 50%.
  • „Кети Хочул конечно откри дека луѓето си заминуваат кога ги зголемувате даноците и трошоците за живот, го отежнувате работењето и се обидувате да ги уништите заштедите на семејствата. Очигледно, новата стратегија за економски развој на Хочул е учтиво да ги замоли да се вратат“, коментира Брус Блекман, кој во ноември ќе ѝ биде противкандидат на гувернерката.

 

извор

Хитлер против Зелински во изборна битка во Франција

20 март 2026
  • Share
  • Post
  • Необичните презимиња на кандидатите го привлекоа вниманието на медиумите во битката за градоначалник на Арси сур Об – историско гратче со околу 2.875 жители во Франција.
  • Градоначалникот Шарл Хитлер, кој се бори за реизбор на функцијата, е фаворит во битката со  Антоан Рено-Зелински. Во првиот круг Хитлер освоил 38% од гласовите, а Зелински 30%. Вториот круг е в недела.
  • Градоначалникот Хитлер, од семејство од Алзас што било жртва на нацистичкиот режим, вели дека никогаш немал намера да си го промени незгодното презиме. „За најблиските, јас сум Месје Шарл“.
  • Неговиот противник има потекло од Полска и нема врски со Украина. Но, гратчето Арцис кај Одеса е наречено според Битката кај Арси сур Об во 1814 година. Го формирале германски војници, кои по поразот од наполеоновите сили емигрирале во Царска Русија.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Маливе знаат да ценат

Македонштина
2

Ниски удари

Балканштина
3

Израел и Иран удрија врз најголемите полиња на гас во светот

Свет
4

Мора ли во сè да бидеме последни?

Балканштина
5

Христијанските светилишта во Израел ќе бидат затворени за Велигден

6

САД почнаа офанзива за отворање на Ормускиот проток

7

Кебапство и единство

Балканштина
8

Трамп има погубно сценарио за Африка ако не му даде ретки минерали

Свет
1

Израел и Иран удрија врз најголемите полиња на гас во светот

Свет
2

САД почнаа офанзива за отворање на Ормускиот проток

3

Христијанските светилишта во Израел ќе бидат затворени за Велигден

4

Трамп има погубно сценарио за Африка ако не му даде ретки минерали

Свет
5

Мамдани ја ограничува брзината во Њујорк на 24 км/ч

Урбан
6

Во Македонија рокот на траење е пет години пократок отколку во ЕУ

7

Брисел ја вклучи машината за цензура за изборите во Унгарија

Свет
8

„Страва“ во живо ја цртала позицијата на носачот „Шарл де Гол“

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Маливе знаат да ценат

Балканштина

Ниски удари

Балканштина

Мора ли во сè да бидеме последни?

Балканштина

Кебапство и единство

Балканштина

Некои нови миленца

Балканштина

Признајте си

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ебачина

До каде ќе добаците?

Зошто после пиење рано се будиме

Само вие продолжете да се лечите на Јутјуб, оставете што ви зборат доктори

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy