Вести › Набрзинка
Пругата Крива Паланка-Бугарија завршува со тунел што нема крај, а еден километар чини 24 милиони евра
-
„Се работи за изградба на 23,4 километри железница. Значи дека еден километар железница чини 24 милиони евра, што е убедливо најскап километар железница изграден каде било во светот. Не се работи за брза пруга, туку за регуларна пруга, каде што возот ќе вози со 60 километри на час“, вели министерот за транспорт, Александар Николовски.
-
„Го повикувам државниот јавен обвинител да го земе извештајот на Државниот завод за ревизија и да постапи по него. Тоа е негова законска обврска“, вели тој.
-
Според извештајот, за третата фаза од пругата кон Бугарија, како што вели Николоски, вредноста е зголемена за 220 милиони евра, односно на 560 милиони евра, наместо на првично планираните 340 милиони евра, што значи дека почната е тендерска постапка во крајно нетранспарентен процес, пред избори и во услови кога, како што рече, сите знаеја дека ќе има промени на власта во државата.
-
„Најбитно е тоа што, со кое јавноста не е запознаена, се работи за железничка пруга која треба да оди од пред Крива Паланка до граница со Бугарија. Пруга која поминува среде град, буквално среде Крива Паланка, што значи дека треба десетици, а можеби и стотици куќи да се рушат, да се иселува население. Најбитно е што завршува во тунел што нема крај. Затоа што според проект, предвидено е поврзувањето со Бугарија да оди преку тунел. Но, тој тунел може да се изгради само до границата со Бугарија. истиот треба да го преземе и да го гради Бугарија од другата страна. Но, во услови кога Бугарија нема направено ниту проект со железничко поврзување со нашата држава. Но, прашање е дали тие тоа би го испроектирале на овој начин. Што доколку од другата страна не може да се направи поврзувањето преку тунел“, прашува новиот министер.
Во Кисела Вода паднал лифт со екипа на Брза помош во него
-
Четири лица се повредени откако лифт паднал во зграда во Кисела Вода на улицата „Христо Татарчев“. Лифтот паднал од над вториот кат во подрум.
-
Во него била екипа на Итната медицинска помош и уште едно лице на чиј повик тие одговарале. Брзата помош била повикана на констатација на смрт на шестиот кат во зградата.
-
Во лифтот биле пет лица иако бил за помала носивост. Ги извадила противпожарна бригада.