- Американското Министерство за одбрана призна дека ширело пропаганда на Филипините заради оспорување на кинеската вакцина „синовак“ за време на пандемијата на коронавирусот, се вели во документ од 25 јуни за кој пренесува Ројтерс.
- Признанието на САД следува по медиумската истрага во која беше откриено дека Пентагон почнал тајна операција за дискредитирање на кинеските вакцини и друга помош поврзана со коронавирусот во 2020 и 2021 година.
- Филипините беа една од југоисточните земји што беа најтешко погодени од коронавирусот. Според податоците на Светската здравствена организација, до 2024 година, речиси 67.000 Филипинци починале од последици на инфекција со коронавирус, а бројот на заразените достигна повеќе од четири милиони.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.