Партијата на Петков поднесе Декларација дека Илинденското востание е бугарско
- Во пресрет на 2 август, во бугарскиот парламент е поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно илинденско-преображенско востание е бугарско.
- „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“ се вели во Декларацијата која треба да биде усвоена деновиве, во прессрет на 120 години од Илинденското востание.
-
За да биде иронијата поголема декларацијата ја поднесе партијата „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков кој важи за голем пријател на премиерот Димитар Ковачевски.
-
На првата средба во Скопје со Ковачевски, Петков рече дека историјата ќе ја остават на страна и ќе се посветат на економијата.