- Папата Франциско ја осуди забраната на Украинската православна црква во Украина.
- Зеленски стави потпис на законот со кој оваа црква, која одржува врски со Москва, се прогласува за илегална.
- Црквите не треба да се пипаат а државата не треба да се меша во верата, порача поглаварот на римокатоличката црква.
- Загрижен сум за слободата на верниците, рече Папата, тој што му се моли на Бога не прави никаков криминал.
- Владата прогласи кризна состојба од 30 дена на целата територија на Македонија поради зголемената појава на пожари.
- „Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции - Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите човечки, технички, логистички и други ресурси“, изјави портпаролката Марија Митева.
- Владата ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја за да се спречат поголеми последици. Ги повика граѓаните да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат сите препораки и забрани.
- До 12.30 часот имало 9 активни и еден локализиран пожар на отворено, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).