Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Осум уапсени за инцидентите на прославата на Денот на албанското знаме

29 ноември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме се уапсени осум лица, меѓу кои и еден малолетник.
  • „МВР одговори максимално брзо, нема да да дозволиме ваков вид на дејствија и подгорување на меѓуетнички тензии. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи, а некои делумно. Уапсени се 8 лица од страна на полицијата. Четири лица меѓу кои и малолетник за сквернавење на македонското знаме“, информираше министерот.
  • На сите кои имаат на ум да предизвикаат какво било сценарио за дестабилизација на Македонија, Тошковски им порача дека полицијата жестоко ќе одговори на такви обиди.
извор

Никола Груевски ослободен за случајот „Талир 2“

14 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Судијката Даниела Алексовска објасни дека ослободителната пресуда е директна последица на законските измени од 2023 година, а не на различна оценка на доказите.
  • Според Судот, иако претходно истите докази биле доволни за да се утврди злоупотреба на службената положба, по законските измени тие не биле доволни за да се докаже кривичното дело пречекорување на службените овластувања.
  • Трошоците за судската постапка паѓаат на Буџетот на државата. Судот го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Предметот „Талир 2“ повторно беше отворен по одлуката на Апелацискиот суд од јануари 2024 година, кога првостепената пресуда беше укината поради измените на Кривичниот законик. Во првото судење во 2022 година Груевски беше неправосилно осуден на 6 години затвор, но постапката беше вратена на повторно судење.
     
извор

Суд дозволи тужби за ризиците од лекот Тиленол

14 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американски федерален суд пресуди дека има основа за покренување тужби против фармацевтската компанија Кенвју во врска со тврдењата дека нејзиниот лек против болки Тиленол може да предизвика аутизам.
  • Окружниот апелационен суд во Њујорк објави дека судијата од понискиот суд немал основа да го исклучи сведочењето на Андреа Бакарели, декан на факултетот за јавно здравје на Универзитетот Харвард, бидејќи наводно не одразувал сигурна примена на научни методи.
  • „Ова е оправдување за научните докази што нашите клиенти ги презентираа од почетокот. Со нетрпение очекуваме да ги презентираме тие докази пред поротата“, изјави Ешли Келер, адвокат што застапува група тужители.
  • Претседателот Доналд Трамп лани им советуваше на бремените жени да не го користат лекот против болки. Обвинителот на Тексас поднесе тужба.
  • Ризиците од Тиленол ги открил првичниот производител Johnson & Johnson, но избегнал да објави предупредување на пакувањето, туку го издвоил своето Одделение за здравје на потрошувачите во нова компанија Кенвју, со што практично ѝ ја префрлил и одговорноста. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ист ни бил јазикот

Балканштина
2

Украинците водат против Русите во битката за дезертирање

Свет
3

Мик Џегер: Нема ништо добро во стареењето

Музика
4

Митови за Вучиќ

Балканштина
5

За дијалог не се потребни двајца

Балканштина
6

Линдзи Грем, Бог да го прости гадот

Канта
7

Долга е раката на ВИ

8

Одамна една сцена татко-син не нè допрела волку

Балканштина
1

Украинците водат против Русите во битката за дезертирање

Свет
2

Мик Џегер: Нема ништо добро во стареењето

Музика
3

Долга е раката на ВИ

4

Како супермаркетите се богатат од бесплатни залчиња

Занимливости
5

Конечно почна „вечната војна“ на Трамп

Свет
6

Тексас против „шеријатските градови“

Свет
7

Германија со цигари од 12 евра ќе ги покрива дупките во буџетот

8

АфД спремни за преземање на власта во Германија

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Тие дворот не можат да си го средат....

Балканштина

ВИ баба за виралноста и алгоритмите

Балканштина

Одамна една сцена татко-син не нè допрела волку

Балканштина

За дијалог не се потребни двајца

Балканштина

Митови за Вучиќ

Балканштина

Ист ни бил јазикот

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ви текнува во што е кваката?

Кога ќе се сетиш дека го имавме Горан

Научникот кој ги одбрани мастите

Јас своето си го умрев

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy