Претседателот Даниел Ортега објави дека во Никарагва повеќе нема да има избори и дека ќе остане на власт и откако ќе му заврши мандатот во 2027 година.
„Поминаа деновите кога партиите поддржани од Јенките и сомозистите (следбениците на поранешниот диктатор Анастасио Сомоза н.з.) можеа да се вратат на власт – никогаш повеќе. Овде никогаш повеќе нема да има избори“, изјави Ортега.
Уште од 2007 година откако се на власт, Ортега и првата дама Росара Муриљо постојано се соочуваа со обвинувања за местење избори, убивање демонстранти и затворање дисиденти, новинари и политичари. Администрацијата на Трамп во април ја прогласи владата на Ортега за диктатура и воведе санкции за повеќе од 2.350 функционери и нивни роднини.
Парламентот на Никарагва лани усвои уставни реформи со кои првата дама беше прогласена за „копретседателка“, а мандатот на Ортега беше продолжен на 6 години. Двајцата имаат целосна контрола врз сите пори на власта, вклучувајќи ги и оружените сили и судството. Никарагва е прогласена за „револуционерна држава“ со единствена партија – Сандинистичкиот национално-ослободителен фронт.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.