- Порно ветеранката Џеси Џејн е најдена дома мртва, заедно со нејзиниот дечко.
- Рано е за детали но извори од полицијата велат дека сцената личела на овердозирање.
- 43 годишната порно ѕвезда (вистинското име ѝ е Синди Тејлор), во 2002 потпиша договор за Дигитал Плејграунд и влезе во Пиратите 1 и 2 кои со потрошени 8 милиони долари се најскапите порно филмови на сите времиња. Подоцна Џеси работеше за Плејбој а се појави и во серијата Антураж.
- Седум години беше мажена за порно колегата Рик Патрик со кого на пијано често се имаат макљано и завршувано во притвор.
- Грција од идната година ќе блокира пристап до социјалните медиуми за деца и тинејџери помлади од 15 години, објави премиерот Киријакос Мицотакис. Предлог-законот ќе биде поднесен до Парламентот во текот на летото, за да може да стапи на сила на 1 јануари 2027 година.
- „Сигурен сум дека многумина од помладите ќе ми се лутат. Да бев на ваша возраст, можеби ќе се чувствував исто. Но, зависноста предизвикана од дизајнот на некои апликации, моделот на правење профит од вашето внимание, од тоа колку време поминувате пред екранот на мобилниот телефон и одземањето дел од вашата невиност и слобода, мора во некој момент да заврши“, порача Мицотакис преку видео на ТикТок.
- Конзервативната влада на Мицотакис веќе забрани употреба на мобилни телефони во основните и средните училишта и долго време најавуваше ограничувања на социјалните медиуми.
- „Грција ќе биде меѓу првите земји што ќе преземат таква иницијатива. Но, сигурен сум дека нема да биде последна. Имаме намера да извршиме притисок врз Европската Унија во таа насока, додаде Мицотакис.
- Британија, Франција, Португалија и Шпанија, планираат слични ограничувања на младите за пристап до социјалните медиуми. Австралија беше првата земја што им забрани на лицата под 16 години да користат платформи на социјалните медиуми.