Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Од 12 октомври во ЕУ со отпечаток од прст и фотографија

11 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Граѓаните од Македонија и од други земји што имаат безвизен режим со ЕУ, од 12 октомври ќе треба да оставаат отпечатоци од прст и фотографија при влез во членки на Шенген зоната. Биометриските податоци ќе ги оставаат само при првиот влез, а при секој нареден само ќе им се потврдуваат податоците. Мерката нема да важи за деца до 12 години.
  • Регистрирањето ќе се спроведува во фази. Во првите 30 дена треба да бидат опфатени 10% од сите патници што влегуваат во Шенген, за 90 дена 35%, за 150 дена една половина, а по 170 дена се предвидува да бидат опфатени сите патници.
  • На копнените граници на Македонија со Грција и Бугарија на почетокот нема да се регистрираат сите патници, за да не се прави метеж. Патниците ќе мора да излегуваат од автомобилите, а за автобусите се размислува граничен службеник да влегува со мобилен апарат за земање отпечатоци.
  • „Сакаме да знаеме кој влегува и кој е во Шенген зоната, да се идентификуваат луѓето што влегуваат за да се намалат измамите со идентитет, но и да се намалат злоупотребите со пречекорување на 90-дневната дозвола за престој“, објави Делегацијата на ЕУ во Македонија.
  • Овој систем ќе функционира одвоено и паралелно со ЕТИАС,  кој од крајот на 2026 година налага онлајн регистрирање за да се овласти патување во Европа во рок од три години. Цената на ваквата „дозвола“ за влез во ЕУ би чинела 20 евра, а ќе биде бесплатна за лицата под 18 години и над 70 години.

извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
8

Почина Биљана Плавшиќ

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Одма ќе излезеш

Ја тебја рубљу

Логичен виц на денот

Боб Дилан версус Звонко Бoгдан

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy