- Европската комисија им дозволи на шест членки на ЕУ - Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска – да бидат ослободени од обврската за споделување на заедничкиот товар за прифаќање мигранти. Тие имаат право да не уплаќаат средства во солидарниот фонд за поддршка на земјите што најсилно се погодени од мигрантскиот бран.
- Пактот на ЕУ за миграција и азил треба да стапи на сила во средината на идната година. Од земјите-членки се очекува да придонесат Фондот за солидарност со прифаќање мигранти, давање финансиска поддршка или со алтернативни мерки.
- Пристап до фондот ќе имаат најоптоварените земји од мигрантскиот бран - Грција, Шпанија, Италија и Кипар.
- Во категоријата земји „изложени на ризик од миграциски притисок“ се Бугарија, Хрватска, Белгија, Германија, Франција, Полска, Холандија, Белгија, Ирска, Финска, Естонија, Летонија и Литванија. На овие земји во изминатата година им биле оптоварени системите за прием на мигранти и тие ќе имаат приоритетен пристап до системот за техничка и финансиска помош.
- Комисијата најави и дополнителен фонд од 250 милиони евра за поддршка за купување беспилотни летала за да им се помогне на земјите што ги контролираат надворешните граници на ЕУ, но и на оние што се соочуваат со „хибридни закани и упади со беспилотни летала“.
- Претседателот Доналд Трамп го потпиша законот со кој заврши 43-дневната блокада на федералната влада – најдолга во историјата на САД.
- Поради шестнеделната блокада на средствата федералните службеници не зедоа плата за октомври, илјадници авионски летови беа откажани и многу социјални случаи останаа без помош. Не беа објавувани клучни економски податоци за инфлацијата, вработеноста и потрошувачката. Извештаите за октомври можеби никогаш нема да бидат објавени.
- Законот е само привремено решение за политичкиот судир на демократите и републиканците и ќе обезбеди финансирање до 30 јануари. Републиканците ветија дека до средината на декември ќе одржат гласање за продолжување на субвенциите за здравствена заштита, но не дадоа гаранции дека ќе ги поддржат.
- Економската штета од блокадата е проценета на 0,1% од БДП неделно. Политичката битка заврши без победник. Нова анкета на Ројтер/Ипсос покажува дека 50% од Американците ги обвинуваат републиканците за блокадата, а 47% демократите.