Нова ера на мобилната вештачка интелигенција со Samsung Galaxy S25
5 февруари 2025
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна појас Газа и ќе го развијат економски откако Палестинците ќе бидат преселени на друго место, поточно во соседните држави.
„Ние ќе го поседуваме и ќе бидеме одговорни за демонтирање на сите опасни неексплодирани бомби и друго оружје на локацијата“, рече Трамп на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Американците ќе ги „израмнат“ уништените згради и „ќе создадат економски развој што ќе обезбеди неограничен број работни места и станови за луѓето од областа“.
Трамп имал визија Газа да стане „ривиера на Блискиот Исток“ каде што ќе живеат „луѓето на светот“.
Во Газа живеат околу 2 милиона луѓе.