Претседателот Доналд Трамп потпиша две извршни наредби за автоматското право на стекнување државјанство за деца родени во САД и за спречување на „породилниот туризам“.
Првата наредба го ограничува правото на државјанство на деца на странци само за одредени категории лица. Државјанството автоматски нема да важи за деца на родители што работат во странски амбасади или организации, или за родители за кои има основани сомневања дека го злоупотребуваат системот.
Врховниот суд на САД на 30 јуни ја поништи претходната извршна наредба на Трамп со која децата на илегалните имигранти и на лицата со дозвола за привремен престој се исклучуваа од правото на автоматско државјанство врз основа на местото на раѓање.
Втората наредба го забранува „породилниот туризам“ - честа практика на бремени жени да патуваат во САД со туристичка виза со намера таму да се породат и детето автоматски да добие американско државјанство.
„Некои богати лица градат бизниси врз основа на правото на државјанство по пат на раѓање. Не требаше така да функционира. Тоа е срамота. Тие си го купуваат патот внатре. Нема да дозволиме тоа да се случи, изјави Трамп.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.