- Поранешниот градоначалник на Скопје и сопственик на Тинекс, е уапсен на аеродромот во Скопје. Освен него, приведени се уште 10 лица поврзани со предметот Око на СЈО.
- Утрово на Табановце е приведен и поранешниот претседател на Советот на општина центар, Владимир Здравев.
- Предметот Око се однесува на Скопје 2014 конкретно изградбата на мостот Око на Вардар.
- Технолошкиот тајкун кому не му се туѓи деловните ризици, предупредува дека постои ризик кој САД не смеат да си го дозволат: да банкротираат.
- Токму тоа ќе се случи доколку Америка агресивно не ги прифати новите технологии како вештачка интелигенција и роботите, тврди Илон Маск.
- Маск ја повтори својата загриженост за зголемениот национален долг, бидејќи каматните плаќања за долгот го надминаа воениот буџет. Потсети дека земјата плаќа 1 билион долари само за каматни плаќања на долгот.
- „1.000 посто ќе банкротираме и ќе пропаднеме како држава без ВИ и роботи. Само тоа може да го реши националниот долг,“ предупреди Маск на еден поткаст.
- Арбен Фетаи. Беше вицепремиер за „добро владеење.“ Со месеци немаше одено на работа а земаше плата. Конечно, на 10 јуни оваа година даде оставка.
- Два месеца подоцна, владата го назначила за „специјален пратеник за Европската Унија“ и ќе оди во Брисел. Човекот се пофали за тоа на Фејсбук, само на албански јазик.
- Го виде ама пак види го насловот.