Американскиот претседател Џозеф Бајден ги информирал членовите на групата Г7 и НАТО дека експлозијата во Полска била предизвикана од ракета за воздушна одбрана на Украина.
По инцидентот, Министерството за надворешни работи на Полска соопшти дека ракетите се од руско производство a земјата се повика на членoвите 4 и 5 за заеднички одговор ако една земја -членка е нападната.
Од ракетите загинаа две лица во село на 6 километри од границата.
Откако во воздух им го дигнаа Северен тек (а војната во Иран дополнително ја скина катарската алтернатива за течен природен гас), ЕУ остана обврзана со минатогодишниот договор со САД од нив да го набабува овој енергенс.
Договорот е огромен - 750 милијарди долари до 2028 година; Фон Дер го опишуваше како неопходен а Трамп како галантен бидејќи понудил повластена цена.
По процедура, договорот дојде пред европските законодавци.
Непосредно пред гласањето, американскиот амбасадор во ЕУ ја уцени Европа дека ако проба да смени запирка во договорот, ќе ја изгуби понудената цена.
Години наназад, според упатствата на Американската асоцијација за срце, на возрасни лица над 65 години со притисок повисок од 130 со 80, задолжително им била давана соодветна терапија.
Веќе не. Според новите упатства, терапијата не се препишува по автоматизам туку треба да се земат во обзир и други фактори за кардиоваскуларен ризик.
Промената се објаснува со потребата од поперсонализиран пристап кон болеста, наместо третирање со едно генерално правило.
Со анализа на постоечките пациенти се утврдило дека на околу десет проценти од нив, според новите критериуми, не им требаат апчиња за намалување на притисокот.