Нетанјаху нуди 5 милиони долари за заложник
20 ноември 2024
- Секој што ќе врати заложник на Хамас ќе добие 5 милиони долари, гласи последната понуда на израелскиот премиер. Освен пари, на таков човек му се нуди и безбедно излегување од Газа.
- На оние кои држат заложници а ќе ја игнорираат израелската понуда, пораката на Нетанјаху гласи: „Ќе ве гониме, ќе ве најдеме и после вие ќе ја платите цената“.
- Хамас држи уште околу 100 луѓе, се проценува дека една третина од нив веќе не се живи.