Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Нетанјаху ја затвора Ал Џезеира

2 април 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Израелскиот премиер порача дека информативната тв станица со седиште во Катар нема да смее да работи и емитува во Израел како мерка против медиумите кои ја загрозуваат националната безбедност.
  • "Ал Џезеира ѝ наштети на израелската безбедност, активно учествуваше во масакрот од седми октомври и поттикнуваше против нашите војници. Време е да го отстраниме гласилото на Хамас од нашата земја“, напиша тој на Икс.
  • Кнесетот изгласа закон по кој на премиерот и министерот за комуникации им се дава право да затвораат медиуми и да ја конфискуваат нивната опрема ако бидат проценети како безбедносен ризик.
извор

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
  • Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
  • Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз. 
  • Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
  • Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
извор

На Трамп не му се верува дека милиони Иранци плачат по ајатолахот

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сè уште убеден дека Иранците го мразат своето раководство, Доналд Трамп бил изненаден од снимките како милиони луѓе плачат на погребот на нивниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. „Можеби се лажни солзи“, изјави Трамп за Аксиос, коментирајќи ги сцените.
  • Говорејќи за масовноста на собирот, Трамп истакна дека САД можеле со еден проектил да го елиминираат целото иранско раководство. „Сите се таму. Еден истрел и можеме да ги елиминираме сите, но нема да го направиме тоа бидејќи тогаш не би имале со кого да преговараме“, рече Трамп.
  • Десетици милиони луѓе низ целата земја му изразија последна почит на Али Хамнеи, убиен со проектил во првите моменти од војната што САД и Израел му ја објавија на Иран.
  • Повеќе од 6 милиони луѓе присуствувале на молитвениот комплекс Големата Мосала во центарот на Техеран, каде што беше положено телото на ајатолахот.
  • Во метрото во Техеран во саботата бил регистриран рекорден број од 9 милиони патувања. Уште многумина пристигнале на церемониите со сопствен превоз.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
2

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
3

Вимблдонска утопија

Мешано
4

Лука, Един и Ивана

Фудбал
5

БЈР Матрикс

Разно
6

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

7

Музеј на современи вазали

Македонштина
8

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
1

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

2

Европа станува бастион на цензурата

Медиуми
3

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
4

На Трамп не му се верува дека милиони Иранци плачат по ајатолахот

5

Трамп дели правда и на Светското првенство

6

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
7

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

8

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Вака се прави тоа

Птичји виц на денот

Диктатура на забаваријатот

Како насловите го менуваат јазикот на новинарството?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy