Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Нека биде повеќе и нека биде за пониска цена

21 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
извор

Една година Трамп во 105 минути

21 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • На Доналд Трамп му беа малку сто минути за да ги каже пред новинарите сите свои успеси од првата година на вториот мандат. Претстави и дебел топ листови. „Еве ја книгата. Секоја реченица е нешто што сме направиле. Никој претходно не направил ништо слично. Ние сме најмоќната држава на планетата“, им објасни Трамп на новинарите, а потоа ја фрли „книгата“ на подот.

  • На прашањето колку далеку е спремен да оди за присвојувањето на Гренланд, одговори: „Ќе видите“, и додаде: „Ќе сработиме нешто со кое и НАТО ќе биде среќен и ние ќе бидеме среќни..., но ни треба заради национална безбедност, па и за светска безбедност“.

  • За „трговската базука“ со која ЕУ му се закани дека ќе ја употреби како оружје против царините, одговори дека „ќе се одбие и ќе ѝ се врати на Европа“.
  • За акциите против имигрантите во САД тој оцени дека „моторџиите од Hell’s Angels изгледаат како најслатките луѓе на светот“ во споредба со имигрантите што неговата администрација ги отстранила од земјата.
  • За своите мировни напори, потсети дека смирил осум војни „затоа што му било лесно“, а не за да ја добие Нобеловата награда. „Сакам да ја решам и последната, помеѓу Русија и Украина. И кога Русија е спремна, Украина не е. Кога Украина е спремна, Русија не е“.
  • По прес-конференцијата, Трамп замина на Светскиот економски форум во Давос, но авионот „Ер форс 1“ по половина час лет морал да се врати поради „електричен дефект“. Делегацијата и опремата била претоварена во резервен воен авион и продолжил кон Швајцарија. 

извор

Апелациониот судија Ѓоко Ристов се лизнал на плочка

20 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Судскиот совет денеска експресно му го одзеде имунитетот на судијата од Апелациониот суд Скопје Ѓоко Ристов, по што судија на претходна постапка од Кривичниот суд му одреди куќен притвор.
  • За Ристов, кому во неделата дома му најдоа соѕидани во дупка од ѕид 350.000 евра, непријавени и со неоправдано потекло, обвинителката не ни барала ефективен, туку куќен притвор.
  • При претрес во домот на неговите родители во Неготино, во кујнската просторија била забележана сомнителна корекција на ѕидните плочки. При отстранување на една ѕидна керамичка плочка, се појавила дупката во која се наоѓале парите. 
  • Неговиот адвокат вели дека и во записник стои дека родителите признале дека тоа не се негови туку нивни пари.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Збогум Сенка

Музика
2

Во Холандија граделе соживот, добиле силувања

Свет
3

Фала богу што сме Балканци а не Скандинавци (1)

Мешано
4

Апелациониот судија Ѓоко Ристов се лизнал на плочка

5

Песна од Сенка Велетанлиќ

6

Знае ли Трамп дека сме нападнати од опера?

7

Фала богу што сме Балканци а не Скандинавци (2)

Мешано
8

Крштевање во Белорусија

Фото
1

Во Холандија граделе соживот, добиле силувања

Свет
2

Апелациониот судија Ѓоко Ристов се лизнал на плочка

3

Знае ли Трамп дека сме нападнати од опера?

4

Лавров: Само Британија, никако „Велика“

5

Европа е преслаба за да се бори за Гренланд

Мислења
6

Трамп: Ќе го земеме Гренланд зашто Британија глупо раздава острови

7

Норвешка ќе може да запленува имоти заради одбрана од Русија

Свет
8

Светот губи апетит за веганска храна

Храна
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бугарска битка за благослов

Македонштина

Богојавленска математика

Балканштина

Промислено кадровско решение

Медиуми

Се молат познатите да не прекинуваат терапија

Балканштина

Крик на денот

Македонштина

Кај Тарантино нема вакви дијалози

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Деколонизирање на математиката?

Луѓе, јас се одјавувам

Традиционални балкански брендови

Зен на денот: два вида жени

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy