На Жан Митрев и на Систина исплатени 88 милиони евра за операции на срце
-
Од 2019 година наваму, болницата на кардиохирургот Жан Митрев добила околу 49 милиони евра, додека „Систина“, поврзана со Орце Камчев, околу 39 милиони евра од ФЗОМ.
-
Станува збор за средства исплатени за зафати на срце, кои се прават во неколку болници низ државава, а од 2015 година профункционира и Државната кардиохирургија.
-
И покрај сѐ поголемиот број на кардиохируршки интервенции на државна сметка во јавното здравство, тоа не ги намали средствата што ги добиваат двете најголеми приватни болници. Напротив, сумите секоја година растат.