- Британски училишен совет и професорите во школото поддржале нивен ученик да се идентификува како волк.
- Ученикот тврди дека нема родова дисфорија туку видова дисфорија, состојба во која се чувствува дека припаѓа на друг животински вид.
- „Не постои нешто што се вика родова дисфорија,“ вели клиничкиот невропсхихијатар Томи МекКеј а Телеграм пренесува дека расте бројот на лица кои бараат да бидат идентификувани како животни; куче, маче, лисица или птица a имало и диносаурус.
- „Не изненадува што гледаме како кога многу луѓе сакаат да се идентификуваат како нешто друго освен она што се кога институциите им го прифаќаат тоа здраво за готово наместо да им порачаат да се справат со себе“, вели психијатарот.
- На фотографијата не е ученикот.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.