Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

На Токсикологија може би се разбрале со директорката, кога таа би знаела македонски

22 април 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно бутка да се вработат 18 лица на кои договорите за дело им истекле на крајот на декември.
  • „За шест години се сменија и министри и 5 директори. Секој си носеше свои кадри и стигнавме до 7-8 административци и 2-3 секретарки“, кажа д-р Нико Беќаровски, раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката.
  • Вели дека нема притисоци од директорката а и не може да има бидејќи таа не знае македонски.
  • Бесија Илјази на денешната прес-конференција одбила да се обрати на македонски јазик па новинарите ја напуштиле средбата.

извор

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Свештеникот Стеван Здравевски од Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА повторно ја нападна Владата поради процесите на дигитализација, овој пат реагирајќи на идејата за воведување дигитални возачки дозволи и лични документи.

  • Здравевски тврди дека со дигиталните документи, кои според неговото толкување го сведуваат човекот на идентификациски број, се брише личниот идентитет и човекот престанува да биде личност.

  • Свештеникот ја споредува дигитализацијата со системот на идентификација на затворениците и логорашите, кои, како што наведува, не биле препознаени по име и презиме, туку по број.

  • Оди и чекор понатаму, поврзувајќи ја дигитализацијата со сатаната и Антихристот. АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ КРСТЕНИ ДА НЕ СЕ ЛАЖАТ ДА СЕ ДИГИТАЛИЗИРААТ БИДЕЈЌИ СО ТОА ВЛЕГУВААТ ВО ДИГИТАЛНИОТ ЛОГОР НА САТАНАТА И ГО ДОБИВААТ БРОЈОТ НА АНТИХРИСТОТ 666, ЗА КОЈ ШТО Е ПРОРОКУВАНО ВО СВ. ОТКРОВЕНИЈЕ, пишува Здравески на фејсбук.

извор

Почина Мишо Ковач

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот далматински и хрватски пејач Мишо Ковач почина на 85 години.
  • Роден е во 1941 година во Шибеник и растен на истата улица од која се дојдени уште двајца хрватски музички великани, Арсен Дедиќ и Вице Вуков. 
  • Со над 20 милиони продадени плочи и куп хитови кои уште се пејат, животот на Мишо Ковач беше испреплатен со спектакуларна слава, преполни стадиони и тешки семејни трагедии. 
  • Се женеше три пати, еднаш со една од најубавите жени во државата, Мис на Југославија, Анита Бутурина.
  • Во 1992 година неговиот 16 годишен син Еди го губи животот под докрај неразјаснети околности. Мишо никогаш не ја прифати официјалната верзија дека се работи за несреќно самоубиство. 
  • Подоцна Мишо Ковач ги губи и мајка му и брат му. После неколкугодишна депресија, во 1999 година се обидува да се самоубие, пукајќи си во гради. Преживува.
  • Разгрлена кошула, наочари, мустаќ, златни ланчиња и дигнати раце. Доволен му беше еден замав со раката за цел стадион да ја допее песната.
  • „Има луѓе кои и за време на животот станале поголеми од себе, од збирот на сите свои плусеви и минуси.
    Дали и колку нивните дела ви биле битни, што мислите за нивниот стил и слични, во други случаи обично важни работи, за таквите калибри не важат. Таквите се баждарени поинаку и не се судат со овоземни мерки.
    Од таквите Хајлендери, ние го имавме Гоце Арнаудов, а Далмација го има Мишо Ковач.
    Повеќекратен шампион во областа на музиката и повеќекратен губитник во областа на животот, Мишо е некој за кој ви е јасно дека колку и да мислите дека грешел, за тоа можат да судат само виши инстанци“, пишавме во воведот на неговото интервју за Оффнет кое го водеше Ноне Ноциќ (види: Моите песни можете да ги игнорирате, сè додека не се вљубите).

Оди сега биди паметен па реши која песна да ја одбереш од него:

 

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
2

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
3

Не давајте лесно збор

Балканштина
4

По цена за околу 60 квадрати во Скопје

Видео
5

За вечера ќе му направи попара

Видео
6

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

7

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

8

И државата има апликација

Разно
1

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

2

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

3

Секс, лаги и нелегални мигранти

Свет
4

Фолксваген не може да си дозволи „Голф“ на струја

Бизнис
5

Брнабиќ: Победивте, формирајте власт, не дозволувајте насилници да ја водат земјата

6

Можат ли демократите да ја поништат револуцијата на Трамп?

Мислења
7

Франција ќе ги оданочува и гигабајтите на интернет

Интернет
8

Жан-Лук Пикард стигна до својот „final frontier“

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Реплика на денот

Знаете ли што е грејсексуалец?

ДНК нобеловецот остана без еполети заради расите

А подвезицата каква е?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy