- СДСМ е заробена партија уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси.
- Ова (во два по полноќ, забележува Нетпрес) на својот Фејсбук профил го објави Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на социјалемократите.
- „Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија… Уште од 2019 година. Со двајца октроирани „лидери“ од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни,“ напиша Шилегов.
- Во неколку последни наврати, струмичкото крило на Заев, на партиски избори убедливо ги победува кандидатите на некогаш моќната скопска филијала на СДСМ.
- Србија и Босна и Херцеговина се меѓу 14-те избрани земји на кои претседателот Доналд Трамп од 1 август им воведува значително повисоки тарифи за увоз на производи. Србија е погодена со царина од 35%, а Босна и Херцеговина со 30%.
- Тарифите за другите земји се во рангот од 25% за увоз на стоки од Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Казахстан и Тунис, 30% за Јужна Африка, 32% за Индонезија, 35% за Бангладеш, 36% за Камбоџа и Тајланд и 40% за Лаос и Мјамнар.
- Во писмата што им ги испратил на претседателите Трамп ги известува дека „новите царини биле неопходни за да се корегираат трговските дефицити на САД“. Ги предупредува дека на секое нивно зголемување на царините САД реципрочно ќе одговорат, а при отстранување на царинските и регулаторните бариери „можеби“ ќе разгледаат намалување.
- Белата куќа објави дека до крајот на неделата ќе бидат испратени писма со идентична содржина, но со различен процент на тарифи и до други земји.