- Големите политички непријатели – Зелените и крајната десница на чело со Алтернатива за Германија, со заеднички сили го оспорија договорот Меркосур за слободна трговија на ЕУ со Латинска Америка.
- По 25 години преговори, ЕУ во саботата го потпиша договорот со Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, но тој нема да стапи на сила сè додека не го ратификуваат Европскиот парламент и земјите-членки.
- Европскиот парламент вчера со тесно мнозинство од 334 спроти 324 изгласа договорот да биде преиспитан од Европскиот суд на правдата. За ревизијата гласаа сите пратеници од левиот блок, како и мнозинството од крајната десница. Конзервативците, социјалдемократите и либералите сега ги обвинуваат Зелените дека се „против ЕУ“, зашто гласале исто со АфД.
- Десничарите го отфрлаат Меркосур заради заштита на европските земјоделци од нелојална конкуренција преку евтин увоз на производи со пониски стандарди.
- Исходот од гласањето го прославија француските земјоделци, кои повторно протестираа со трактори пред Европскиот парламент во Стразбур.
- Се бават со објава на Фејсбук, од извесна Илина Маркоска.
- Таа на Фејсбук напишала „Дали знаевте дека до 1808 година Балканскиот полуостров се викал Македонски полуостров, кога германскиот географ Август Зеуне го преименувал?“
- Екипата на Вистиномер провериле и порачуваат: „Нема докази дека во 18 и 19 век Балканскиот Полуостров се викал Македонски Полуостров“.
- „Поради тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина“, вистинољубиво пресудува екипата на Вистиномер.
- Истата госпоѓа на својот Фејсбук профил има напишано „Бог се јави.“
- Чекаме.