На Алекс Џоунс му залепија уште 473 милиони долари казна
11 ноември 2022
- Овие 473 милиони се плус на речиси едната милијарда долари со која беше казнет минатиот месец за лагите што ги ширеше околу масакрот во Сенди хук во 2012.
- Дополнителната казна доаѓа на барање на тужителите, по основа на „историскиот“ обем на грешката на Џоунс и тоа што упорно одбива да се покае за истото.
- По масакрот во Сенди хук, Џоунс тврдеше дека немало загинати деца и дека станува збор за актери кои го исценирале пукањето како дел од заговор на владата да го заплени оружјето од Американците.
- Во исто време, во друга судска постапка, на Џоунс му беше забрането да го извади својот имот надвор од земјата.