Милановиќ: „Слава на Украина“ е исто со „За дом спремни“
- „Меѓу „За дом спремни“ и „Слава на Украина“ нема разлика. Тоа е извик на најрадикалните шовинисти на западна Украина кои работеле со нацистите и убиле илјадници Евреи, Полјаци...“ изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
- Тоа што некои лидери се навлекоа на тоа, не ме интересира. Нека смислат поинаков поздрав. Киев е далеку, Москва уште подалеку“.
- „За неколку дена ќе биде годишнината од битката на Сутјеска, во која загинале стотици Далматинци. За мене тоа е антифашизам“, кажа хрватскиот претседател.