- 73 годишниот актер е пред бркање од изнајмената куќа во Лос Анџелес бидејќи со месеци е назад со плаќање кирија.
- Му должи преку 60.000 долари на газдата и му бил даден рок до 18-ти декември 2025 година да го подмири долгот.
- Трособниот бунгалов во шпански стил од 20-тите години во кој своевремено живеел писателот Рејмон Чендлер, Рурки го изнамил за 5.200 долари месечно а подоцна му ја дигнале киријата на 7.000 долари.
- Тој се прослави со улогите во филмовите Девет ипол недели, Ангелско срце, Барска мушичка, Папата од Гриниџ Вилиџ и други, но, во средината на 80-тите му се случи комплетен крах кога призна: „Изгубив сè: куќата, фамилија, угледот, кариерата“.
- Подоцна се врати на нозе со филмовите Sin City и The Wrestler.
- Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
- На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
- „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
- Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.
- Поради преполнетост на затворските капацитети, Финска бара правна рамка за да префрла осудени криминалци да ја отслужуваат казната во странство. Тоа подразбира и странските затвореници да бидат префрлени во ќелии во нивните матични земји.
- Хелсинки ги разгледува опциите на Шведска - која од август почна да префрла свои осуденици во затвор во естонскиот град Тарту, или на Данска - која во десетогишен договор од 210 милиони со Косово изнајми 300 ќелии во затворот во Гњилане.
- Според податоци на Службата за затвори и условна слобода, во Финска има околу 3.900 затвореници, од кои 950 се странски државјани.
- Бројот на странски затвореници е зголемен за 76% изминатата деценија, а бројот на фински затвореници во истиот период е намален.
- Најголем дел од странските затвореници отслужуваат казни за кривични дела поврзани со дрога (49%), за сексуални престапи (21%) и за убиства (10%).