- Мандатарот за состав на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата за премиерската функција ќе ја даде со уставното име на Македонија.
- „Уставното име на државата е јасно и не треба да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име – тоа е со придавката. Собранискиот деловник е променет и во него е содржано тоа име со придаваката и така и ќе кажам“.
- „Не гледам друг начин како тоа да го кажам, а да не биде повторно главна тема. Сакам таа тема да ја затворам“, рече Мицкоски.
- Јако ја затвори темата. Исто онака како што Зоран Заев „го реши“ спорот со името: како што сакаа Грците.
- Сè уште убеден дека Иранците го мразат своето раководство, Доналд Трамп бил изненаден од снимките како милиони луѓе плачат на погребот на нивниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. „Можеби се лажни солзи“, изјави Трамп за Аксиос, коментирајќи ги сцените.
- Говорејќи за масовноста на собирот, Трамп истакна дека САД можеле со еден проектил да го елиминираат целото иранско раководство. „Сите се таму. Еден истрел и можеме да ги елиминираме сите, но нема да го направиме тоа бидејќи тогаш не би имале со кого да преговараме“, рече Трамп.
- Десетици милиони луѓе низ целата земја му изразија последна почит на Али Хамнеи, убиен со проектил во првите моменти од војната што САД и Израел му ја објавија на Иран.
- Повеќе од 6 милиони луѓе присуствувале на молитвениот комплекс Големата Мосала во центарот на Техеран, каде што беше положено телото на ајатолахот.
- Во метрото во Техеран во саботата бил регистриран рекорден број од 9 милиони патувања. Уште многумина пристигнале на церемониите со сопствен превоз.
- По притисок од Доналд Трамп и Белата куќа, ФИФА неочекувано му ја укина автоматската забрана за настап на американскиот фудбалер Фоларин Балогун откако доби црвен картон на натпреварот против БиХ. Црвениот картон не му е поништен, но вечерва ќе може да настапи против Белгија.
- Трамп уште во четвртокот телефонски му се јавил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и побарал управното тело на светскиот фудбал да го преиспита исклучувањето. Инфантино одговорил дека нема никакво влијание врз дисциплинската комисија, која е надлежна за казните.
- ФИФА објасни дека суспензијата била поништена врз основа на ретко користен член од правилникот. Не објави како гласале 18-те члена во Дисциплинската комисија.
- Извори на „Политико“ велат дека министерот за трговија Хауард Лутник и други функционери веднаш по натпреварот САД-БиХ активирале планови за пронаоѓање основа за укинување на суспензијата на Балогун. Таквата одредба била пронајдена по четиридневно координирано лобирање, правни маневри и дипломатија од Овалната соба до седиштето на ФИФА во Цирих. Белата куќа ги дала на располагање своите официјални адвокати.
- Белгиската фудбалска федерација најави жалба на одлуката на ФИФА. „Не знаев дека Први април е на 5 јули во календарот на ФИФА. Федерацијата не го брани националниот тим, туку го брани општо фудбалот, неговиот интегритет и неговата етика“, изјави селекторот на белгиската репрезентација Руди Гарсија.