Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мицкоски и банките договараат 1,95% каматна стапка за унгарскиот кредит

24 ноември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
  • Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите.
  • За да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра. „Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра,“ најавува Мицкоски.
извор

Половина скопски објекти не се оданочени

24 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Двојно помалку објекти во Скопје се оданочени од она што е запишано во Катастарот на недвижности, покажа репроценката на недвижности што ја прави Град Скопје во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации.
  • Според податоците во даночната евиденција, на подрачјето на Град Скопје се опфатени околу 17 милиони квадратни метри на недвижности (објекти), додека во евиденцијата на Катастарот се запишани околу 39 милиони квадратни метри објекти.
  • Приходите се делат 50% за Град Скопје и 50% за општината во градот Скопје каде што се наоѓа имотот.
  • Стапката на данок на имот во Градот Скопје изнесува 0.10 % од вредноста на имотот, со дополнително намалување од 50% за објект во кој даночниот обврзник живее, што ја прави најниска во Европа.
извор

Европска бирократија од 47.600 страници

24 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Иако вети дека ќе ги олесни бирократските пречки, законодавството на Европската Унија на крајот од минатата година достигнало нов рекорд од 47.600 страници со регулативи и директиви.
  • Тоа е зголемување од 118% во споредба со 2010 година, според „индексот на бирократија“, изработен од професорот Штефан Вагнер од Универзитетот на Виена.
  • Индексот ги опфаќа сите уредби и директиви што се во сила на 31 декември од дадена година, а кои се донесени самостојно од Европскиот совет или заеднички со Европскиот парламент. Правните акти на Европската комисија не се вклучени. Обемот се мери во стандардни страници од по 1.500 карактери.
  • Ако на основните членови се додадат прилозите со списоци, гранични вредности и технички спецификации, регулативите на ЕУ опфаќаат околу 90.800 стандардни страници.
  • По 2010 година има уште 12.900 страници со нови регулативи за надворешна политика и безбедност – главно списоци со санкции и имиња на лица, компании и стоки. Обемот на регулативи за заштита на природата, на потрошувачите и на здравјето се дуплирал од 4.300 на 9.800 страници.
  • Само Директивата за бучава во животната средина се зголемила за околу 700 страници.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Спремајте се, доаѓа време на слави

Балканштина
2

Правда за Ружа!

Балканштина
3

Патријархатот прво ги осакатува машките

Разно
4

Европа чека на инцидент што би оправдал војна против Русија

Свет
5

Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца

6

Nvidia го врати Хуанг за директор

7

Има нешто данско во државата Данска

Разно
8

Е не, ко оние здрвените во Париз и Милано

Видео
1

Европа чека на инцидент што би оправдал војна против Русија

Свет
2

Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца

3

Nvidia го врати Хуанг за директор

4

Клековски да не се секира до толку што правиме со наши пари

5

Ирска станува глобална пералница на пари

Свет
6

Зашто Трамп го врати Хуанг во Nvidia

Свет
7

Германски железари гасат печки поради скапата струја

Свет
8

(Само) Дино Мерлин би рекол: Шилегов, врати се!

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Филип и Јулија, братче и сестриче

Македонштина

Во знак на лајк, дигаме прс

Балканштина

Распеани коментари за сармата

Балканштина

Спремајте се, доаѓа време на слави

Балканштина

Правда за Ружа!

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Бугарска апашаана

Васо је мало нервозан

Правила за пиење

Бидете така

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy