- Блокирани се десетици профили на Инстаграм на албански активисти, новинари и лидер на опозициска партија вклучени во протестите против изградбата на луксузно одморалиште на Џаред Кушнер, зетот на Трамп.
- „Кога речиси истовремено исчезнуваат десетици профили на активисти поврзани со истите протести, не можеме да го третираме тоа како технички проблем. Мета мора да објасни што се случило, и тоа мора да го стори брзо“, изјави италијанскиот европратеник Сандро Гози од групата Renew Europe.
- Социјалните мрежи одиграа клучна улога за мобилизирање на демонстрантите, за известување во реално време за протестите и за документирање на судирите со полицијата. Во изминатите неколку недели активистите и новинарите се соочија со известувања за кршење на авторските права, отстранување на содржини, како и суспензија и затворање на профили.
- Пристапот на некои корисници е вратен, но други имаат блокада за емитување во живо или скриено ограничување за дистрибуцијата на нивната содржина без претходно известување.
- Невладината организација Repro Uncensored соопшти дека не можела независно да утврди поврзаност на блокирањата, но се сомнева дека станува збор за „координирана кампања за замолчување на активистите и отстранување на критички политички содржини од социјалните мрежи“.
- Законски се гарантира право за бесплатно внесување на еден личен предмет во авионот, ако се работи за мал ранец, чанта или торба за лаптоп со максимални димензии од 40 × 30 × 15 сантиметри (и волумен до 18 литри), под услов предметот да може да се смести во просторот под седиштето пред патникот.
- Ова право е безусловно и мора да биде овозможено бесплатно, без оглед на видот на купениот билет или авиокомпанијата со која се патува.
- Со новото правило се изџбегнува праксата на „drip pricing“ при која првично се прикажува ниска цена на билетот, а потоа, во текот на процесот на купување, се додаваат задолжителни дополнителни трошоци.
- Од друга страна, стандардните поголеми рачни багажи со тркалца (55 × 40 × 20 сантиметри) не стануваат автоматски бесплатни за сите видови билети но изрично се бара овие трошоци да бидат јасно и однапред обелоденети, со што се осигурува дека за патниците нема да има изненадувања во моментот на качување во авионот.
- „Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ. Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од „францускиот предлог”, пишува Антонио Милошоски.
- Ја наведува последната стратегија ‘Preparing for a wider Union’, каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ.
- Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ!
- Тоа значи дека ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниту една земја членка да нема приговор/вето на таквото барање.