- Самитот во Гранада на кој присуствуваа 49 европски лидери и вагон новинари заврши со фијаско, откако политичкиот крем не успеа да направи никаков значаен прогрес за решавање на конфликтите во Европа, ниту пак за кое било друго регионално прашање.
- Ништо ни за Нагорно Карабах, ништо ни за Косово и намалување на тензиите: Вјоса Османи одби да се сретне со нејзиниот српски колега Александар Вучиќ додека нема санкции за Србија поради предизвикување инциденти на Косово.
- Многумина од лидерите не сакаа ниту да застанат и да дадат изјава за новинарите. Џорџа Мелони помина покрај стотиците новинари без да ги погледне додека зборуваше на мобилен. Изјава за новинарите одбија да дадат и германскиот канцелар Олаф Шулц и британскиот премиер Риши Сунак.
- Била откажана и главната прес конференција, веројатно оцениле дека немаат што да кажат.
- Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
- Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
- Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
- Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок.
- Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
- Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.
- Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
- Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
- Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.